Hi i am SEM,
how can i help you

Semos Education Semos Education
  • Monday - Friday 9:00 AM - 10:00 PM CET
  • Call us now +44 7487633466
  • Keep in touch info@semosedu.com
EN / МК / RS
Кошничка
reserve a seat

Machine Learning

All filters
Filters
Clean filters Close Sort
Поради брзината со која се развиваат иновациите во светот, од секоја страна добиваме нови термини и нова технологија што причинува потешкотија да се биде во тек со сите иновации. Најактуелната новост моментално е вештачката интелигенција. Многу прашања произлегуваат поради нејзиното брзо ширење низ сите професии и затоа, ние во Семос Едукација, одлучивме сите наши знаења да ги споделиме со тебе за да и ти се служиш со вештачка интелигенција и да ги користиш предностите од нејзината употреба. Вештачката интелигенција или artificial intelligence (АИ) на англиски јазик, е склоп на математички системи и компјутерски програми кои анализираат податоци. Тоа се равенки споени во алгоритам во кои се внесуваат вредности од база на податоци. Равенките ги преработуваат вредностите и од преработката вадат заклучоци за определени критериуми. Критериумите и алгоритмите ги прилагодува таканаречен администратор на машината (компјутерот) во зависност од потребите. Понатаму, сите овие заклучоци компјутерот ги зачувува како стекнато искуство во процес наречен машинско учење (machine learning). Во иднина, корисниците можат на машината да ѝ поставуваат прашања со нови вредности, а таа ќе одговара според знаењето кое го стекнала при машинското учење. Со ова добиваме машина која учи од своето искуство: колку повеќе информации и прашања се вметнати при машинското учење – толку попрецизни одговори ќе создава системот.

Professions

Vendors

Courses

Должина

Ниво на сложеност

Цена до